Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Казнети 409 возачи во Скопје

Полицијата вчера казнила 409 возачи во Скопје за разни прекршоци.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 409 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 57, 46 за неисправни и нерегистрирани возила, 55 мерки за неносење сигурносен појас и 89 мерки за непрописно паркирање.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

C +

Уништени над 1 тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна

C +

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

C +