25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Обвинение за разбојник кој украл златен накит и пари од три жени во Скопје

Скопското основно јавно обвинителство до Основниот кривичен суд поднесе обвинение против едно лице за продолжено кривично дело тешка кражба.

Искористувајќи слични околности, тој во текот на месец септември сторил повеќе дејствија кои претставуваат повеќекратно сторување на истото кривично дело.

На 26 септември, на улица „Алжирска“, од една оштетена одзел женска чанта во која имало паричник со пари и други предмети во вкупна вредност од 36.200 денари. Обвинетиот влегол во домот на оштетената низ влезната врата, ја турнал, ја одзел чантата и избегал.

Истиот ден, на пешачка патека на улицата „Теодосиј Гологанов“, обвинетиот на дрзок начин одзел две ланчиња од една оштетена – златно ланче со приврзок монета во вредност од 6.500 денари и едно ланче бижутерија вредно 2.000 денари. На разминување по патеката, тој со раката насилно и ги грабнал ланчињата кои што оштетената ги носела околу вратот и избегал.

На 30 септември, на автобуска постојка на булеварот „Партизански одреди“, обвинетиот на дрзок начин одзел златно ланче вредно 30.000 денари, така што насилно го грабнал од вратот на оштетената и го напуштил местото.

Јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.​