Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СО 2,58 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ПРАВЕЛ ПРОБЛЕМИ ВО СТРУМИЦА – Полицијата приведе 36-годишник

На 21.11.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 36-годишник од Струмица.

Според пријавеното, тој на 21.11.2026 околу 20:50 часот пред семејниот дом на 52-годишна жена од Струмица агресивно се однесувал кон неа.

Од преземените мерки со дрегер е утврдено дека лицето има присуство на алкохол во крвта од 2,58 промили.

Тој бил задржан во Полициската станица Струмица, а за настанот бил известен јавен обвинител.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: „One Stop Shop“ ќе ги доближи Македонија и Албанија и ќе го поттикне туризмот

ДЕСК

Поповиќ: Крпен живот, кошничката достигна 71.000 денари а следува и поскапа струја

ДЕСК

ДЕНЕСКА ДО 19 СТЕПЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА – УХМР најавува промена на времето, вечерва пристигнува дожд

ДЕСК