Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Се обидуваме да најдеме начин за онлајн судења

„Крајно е важно и легитимно, а дали е можно зависи од парламентот и мзените во законите. Во моментов активно се работи на драфтирање на Законот за парнична пострапка, потоа наредната година ќе се отвори Законот за кривична постапка. Ние не бегаме од ваквите закони кои се носат со дво третинско мнозинство. Треба да се разговара за овие прашања, ако тоа значи зајакнување на објективноста, транспаретноста и ефикасноста на судството. Имавме ситуации во минатото кога Судскиот совет имаше онлајн активности, судот во Кавадарци имаше онлајн судење. Не велам дека можеме одма, но можеме сепак нешто да направиме во тој правец“ -изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ, во емисијата „Анализа“ на ТВ 24 зборувајќи за можноста судските процеси да се водат онлајн.

Тој потврди дека нема намера да се откаже од идејата.

„Законот за парнична и Законот за кривична постапка секако ќе бидат сменети. И таму има предлози за онлајн судења. Ќе ги слушнеме мислењата на судиите, на адвокатите, на обвинителите и секаде каде што ќе утврдиме дека ќе се олеснат судските процеси, ќе постапиме . Има начини како сето ова да се реши, дали со специјални простории во судот кога станува збор за испрашување сведоци, дали друг начин, но целта е да не се собираат многу луѓе на мал простор. И останувам на идејата за онлајн судења и ќе ја тераме и во иднина. Ако цел обвразовен систем го префрламе да функционира онлајн, ако владата работи онлајн, тогаш зошто да не се обидеме и судењата да бидат онлајн?- праша министерот Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: СДС живее во светот на бајките и лагите, не ВМРО-ДПМНЕ, ММФ вели дека сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови

ДЕСК

Летале дрон без дозвола – полицијата интервенирала, тројца млади повеќе нема да го прават тоа во Карпош

ДЕСК

Додека шетал кангал го ослободил, потоа следувал хаос кој заврши со смрт на куче миник

ДЕСК