Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: За 91 советник на Груевски годишно се одвојуваа над 1,7 милион евра од буџетот

Никола Груевски со години беше советуван од 91 советник, меѓу кои и неговиот потрчко Христијан Мицкоски. Ангажманот на 91 советник на Груевски државата годишно ја чинеше 1,73 милион евра, сума која е повеќе од седумпати повисока од онаа што денеска ја соопштува ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од СДСМ на обвинувањата на портпаролот на опозициската партија, Димче Арсовски.

„Во отсуство на конкретни идеи и проекти, безидејната ВМРО-ДПМНЕ продолжува да конструира непостојни случаи кои служат единствено за замајување на јавноста.

Таков е и последниот случај со советниците на премиерот Зоран Заев, позиции што постојат во секој претходен кабинет.

Денес, во отсуство на идеи ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост за надоместоците на советниците во кабинетот на премиерот Заев, а јавноста многу добро памети колку советници го советуваа Никола Груевски и колку тоа ги чинеше граѓаните.

Додека го советувал Груевски како да се водат погубни енергетски политики, Мицкоски добивал месечен надомест од 1.000 евра или над два милиона денари за целиот ангажман, иако со месеци лажеше дека тоа го правел про боно.

Меѓу листата на советници на Груевски за кои од буџетот се одвојуваа над 1,7 милион евра годишно, покрај Мицкоски, се наоѓал и Луке Галевски, актуелниот шеф на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, денеска најголемиот извор на лажни вести и конструирани случаи.

Додека советниците на Никола Груевски и Емил Димитриев се криеја од јавноста, Владата предводена од СДСМ во континуитет ги унапредува транспарентноста и отченоста пред јавноста. Тоа е огромна суштинска разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ“, се додава во партиското соопштение.