14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Николовски на Сител: Нема партиска поддршка и простување на криминал, законот важи за сите до последен

Генералниот секретар на СДСМ во гостувањето во Дневникот на Сител телевизија посочи дека во државата постојат институции кои вистински се борат за примена на законите и се посветени на искрена борба против криминалот и корупцијата.

– Поставувањето на вицепремиер за борба против корупција испраќа порака дека СДСМ отвора силен фронт, неселективен, со важење на законот за сите и никој не може да смета на партиска поддршка ако прекршил закон, порача Николовски.

Генералниот секретар Николовски повика на одговорно однесување на сите функционери.

– Мојата улога како вице-премиер е да ги кооридинирам институциите во борбата против корупција. Ќе го промениме начинот на делување, ќе го смениме кодексот, мораме поинаку да се однесуваме сите кои имаме одговорни функции. Ова ни треба за цело општество. Влеговме во тој процес и ќе опстоиме, законот мора да важи за сите, до последен, заврши Николовски