Centar.mk
БИЗНИСТЕМА

Ќе се зголемува платата во јавниот сектор во Германија

Германската влада постигна договор со синдикатите во јавниот сектор за платите, што вклучува речиси 2,3 милиона работници во локалната и федералната администрација. Договорено е најниските плати да се зголемат 4,5 проценти, а највисоките 3,2, изјави синдикатот „Верди“.

Договорот, кој предвидува еднократен бонус до 600 евра за работниците и дополнителни средства за медицинските сестри и вработените во домовите за стари лица, истекува на крајот на 2022 година. Според претставниците на синдикатот, вработените во здравствениот сектор особено заслужуваат зголемување поради нивната клучна улога во борбата против пандемијата.

Европската централна банка (ЕЦБ) внимателно ги следи разговорите за зголемување на платите во Германија за тие потенцијално да не ја загрозат планираната инфлација.

Можеби ќе ве интересира

Европските берзи во пад, нафтата се искачи на речиси 98 долари

C +

Со нов визуелен идентитет и филозофијата „Unlock Interesting“, Diners Club International отклучува нова ера на соработки

ДЕСК

Вицегувернерката Митреска на конференцијата на „Џ. П. Морган“ во Виена: За побрз и поодржлив раст се потребни повисока продуктивност, дигитализација и диверзификација на економијата

ДЕСК