Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Почина легендарниот фудбалски голман Томе Димитровски – Тарзанот од коронавирус

Ноќва на 70 годишна возраст почина еден од најголемите голмани во историјата на фудбалскит клуб Пелистер од Битола, како и македонскиот фудбал – Томе Димитровски – Тарзано, а како причина за смртта е наведена ковид-19.

Љубителите на фудбалот од Битола и сите генерации “пелистерци“ Тарзано ќе го паметат како еден од најкултните голмани, капитени и тренери на битолскиот клуб скоро цела своја кариера ја помина во дресот на битолскиот клуб. Исклучок на една сезона во која бранеше за Раднички Ниш, во далечната 1971 година, од каде Тарзано во Битола донесе многу убави критики, беше одлични примен но и многу анегдоти.

Томе Димитровски дебитираше во 1968 година за битолскиот клуб, а бранеше скоро до 40-годишна возраст. Потоа започна тренерска кариера, во неколку наврати го водеше првиот тим на ФК Пелистер, а работеше и во клупската академија.

Во последните неколку години не беше активен во фудбалскиот спорт.

Димитровски ќе биде погребан во текот на денешниот ден, а натпреварот од десеттото коло на ПМФЛ меѓу Пелистер и Струга Трим Љум ќе започне со едноминутно молчење.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК