Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Обвинение за кражба на мобилен телефон на автобуска станица

Скопјанец на автобуска станица украл мобилен телефон од џебот на женско лице, додека оштетената се качувала на автобус.

Според информациите од МВР, обвинетиот на 15 октомври на автобуската постојка на булеварот Крсте Мисирков ја забележал оштетената, која се упатила кон автобусот, и во тој момент од џебот на јакната ѝ го одзел мобилниот телефон. Тој бил забележан од полициски службеници и веднаш приведен.

Поднесено е обвинение против крадецот за кривично дело кражба.

Надлежниот јавен обвинител достави предлог до Основниот кривичен суд Скопје за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, поради опасност од бегство.​

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +