Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Царовска за ТВ Стар: Иднината на државата зависи од образованието

Образованието е над сите партии, од образованието зависиме сите ние,  од тоа каков развој и раст ќе има државата зависи од образованието денес, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска во гостувањето на штипската телевизија Стар.

Ќе се трудам оваа тема да биде надпартиска, да биде национален интерес, рече Царовска, додавајќи дека без реформирано основно и средно образование ние може само да замислуваме развојна економија.

Нам ни е потребен потенцијал и кадар, кој денеска се припрема за некои 10 години да биде активен на пазарот на труд како активен работник или носители на одредени иновации и технолошки развој, нагласи Царовска.
Денеска сме постевени на тоа да обезбедиме реформиски пристап во создавање на образовен систем којшто ќе ја движи државата напред, порача Царовска.

Таа нагласи дека како поранешен министер за труд и социјална политика знае дека има деца што немаат ИТ опрема, но со воведувањето на детски и образовен додаток покажавме дека и , посиромашните деца треба да имаат еднаков пристап.

Ако собереме храбрости за давање образвоен додаток, што ќе биде повисок сите ќе можат да си купат ИТ опрема, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Доаѓа време за вистината за бизнис врските на Мицкоски и Орбан

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче огради се од криминалите на Заев, засукај ги ракавите и стави ја СДС на нозе која ја доведе на раб на исчезнување, засега немаш луксуз да си губиш време со избори во други држави

ДЕСК

Лишен од слобода возач од неготинско, кој возејќи под дејство на алкохол и со мерка забрана за управување, удрил во пешак во село Пепелиште

ДЕСК