Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Лишен од слобода возач од неготинско, кој возејќи под дејство на алкохол и со мерка забрана за управување, удрил во пешак во село Пепелиште

На 12.04.2026 во 14:00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода маж(55) од село Пепелиште, неготинско. Тој управувајќи патничко возило „југо“ со неготински регистарски ознаки, удрил во пешакот лице(62) од истото село, кој се здобил со телесни повреди, констатирани во Итна медицинска помош Неготино.

По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека приведениот бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.76 промили алкохол во крвта и возилото го управувал со активна забрана за управување возило. По насоки од јавен обвинител, тој бил задржан во полициска станица, возилото било одземено и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК