Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Не гледаме потреба од лидерска средба, Мицкоски нема став по ниедно прашање

Не гледаме потреба од лидерска средба, особено со човек кој нема став за ниту едно важно, национално или стратешко прашање, изјави денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, во одговор на новинарско прашање.

„Македонскиот јазик, македонскиот идентитет и посебност се меѓународно потврдени и признаени од целиот свет. Со нашиот сосед, Бугарија, имаме Договор за соработка и добрососедство, кој патем е потпишан и на македонски јазик. Очекуваме во духот на овој Договор, да продолжиме заеднички да ги градиме односите. За темите кои произлегуваат од Договорот изразуваме волја да ги решаваме преку работата на комисиите кои имаат надлежност за тоа”, изјави портпаролката на владејачката партија.

Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ претходно денеска соопшти дека нема никаков одговор од власта за евентуално одржување на лидерска средба која претседателот на опозициската партија, Христијан Мицкоски побара да се одржи за да се разговара за односите со Бугарија, економијата во Македонија, пописот и други теми.

„Мицкоски не е за договор на било која тема, тој бара начин само како да наштети на државата, особено на процесите кои не водат кон ЕУ”, кажа гласоговорничката на СДСМ по однос на ова прашање.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК