13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Над 180.000 пензионери ќе добијат платежни картички со по 6.000 денари

Со ребалансот на Буџетот за 2020 година што е во собраниска процедура, се обезбедуваат 470 милиони евра за четвртиот сет економски мерки. Од нив, 27,6 милиони евра ќе бидат наменети за домашни платежни картички во вредност од 6.000 денари. Ова го истакна пратеникот од СДСМ, Илија Николовски.

Тој појани дека со оваа мерка, над 180.000 пензионери со пензија до 15.000 денари ќе добијат домашни платежни картички со кои ќе можат да пазаруваат, а покрај нив, платежни картички ќе добијат и лицата кои се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи.

„Ова е директна помош за над 180.000 наши сограѓани, ова значи зајакнување на нивната куповна моќ и поттикнување на приватната потрошувачка. Ова е вистинска грижа за нашите највозрасни сограѓани. Ги повикувам колегите пратеници од сите политички партии да дадат поддршка и да го изгласаме ребалансот на Буџетот за 2020 година. Со тоа им помагаме на нашите сограѓани и помагаме на нашата македонска економија побрзо да излезе од економската криза што го има зафатено целиот свет“, рече Николовски.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Државата ќе дели платежни картички од по 6.000 денари – Еве на кои категории на граѓани им следува оваа мерка

CENTAR MKD

Државата ќе дели платежни картички од по 6.000 денари – Еве на кои категории на граѓани им следува оваа мерка

CENTAR MKD

Државата дели пари на граѓаните: Дознајте за кого, кога, како, каде, колку и останати корисни информации за домашната платежна картичка “Купувам домашно”

CENTAR MKD

Македонците сè повеќе плаќаат со картички

CENTAR MKD