23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Николовски: Димова треба да понесе политичка и морална одговорност, ќе барам нејзино разрешување

Вицепремиерот за борба против корупцијата, криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски во емисијата “Клик плус”, на ТВ21 најави дека на следната следница на Владата ќе побара оставка, односно налог за разрешување од надлежниот Управен одбор на директорката на Националната агенција за европски програми и мобилност Лидија Димова.

Ние сме на почеток на преговори со ЕУ ги отовораме сите фондови, пред нас се големи предизвици и затоа законот мора да важи за сите, никој не е недопирлив, истакна Николовски.

Тој додаде дека на институциите треба да им се остави простор за да се утврди вистината, на нас ни треба утврдување на вистина и расчистување на секој случај, па и на овој.

Секако постои пресумпрција на невиност, но етички кодекс на членовите на владата и избраните функционери предвидува и санкции, како и поднесување на политичка и морална одговорност, нагласи Николовски.
Ако Димова не поднесе оставка, бидејќи тоа е работа на Управниот одбор на Националната агенција, ќе побарам нејзино разрешување, нагласи Николовски.

Со ова разрешување сакаме да пратиме порака до сите дека навистина сме спремни да се бориме против корупцијата, дека немаме двојни аршини, сме добиле огромна чест и одговорност од граѓаните, која мораме да ја оправдаме, порача вицепремиерот за борба против корупцијата, криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски