Centar.mk
БИЗНИС

Последен ден за поднесување барање за продолжување на грејс-периодот за кредитите од Развојната банка

Повикот за поднесување барање до РБСМ за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитот одобрен од средствата на посебниот кредитен фонд „Ковид 1“ трае до денеска до 23.59 часот. Повикот е достапен на веб-страницата на Развојната банка, од каде што може да се преземе барањетo.

Најбрз начин како може да го доставите барањето до Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје е преку испраќање на барањето на имејлот kreditiranje@mbdp.com.mk.

Јавниот повик е дел од четвртиот сет економски мерки што ги спроведува Владата и нуди можност за кредитокорисниците на бескаматната кредитна линија „Ковид 1“ да ги продолжат грејс-периодот и периодот на отплата на кредитите за дополнителни три месеци. Преку оваа кредитна линија беа поддржани 737 домашни компании, кои вработуваат вкупно 6.509 лица. Од нив, 77 % се микрокомпании, кои вработуваат до 10 лица, 21 % се мали компании што вработуаат до 50 лица и 2 % се компании со средна големина што вработуваат до 250 лица.

Можеби ќе ве интересира

ЕВН Македонија донираше модерно опремена просторија за учениците од дуално електротехничко образование во СЕТУ „Михајло Пупин“

C +

УЈП: Завршија активностите за регистрација и доброволна дерегистрацијa на даночните обврзници за целите на ДДВ

C +

Две нови авиолинии кон Италија: Од јули од Скопје ќе се лета кон Алгеро Сардинија и кон Палермо

C +