11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ДУИ предлага седниците на Собранието да се одржуваат и онлајн

Демократската унија за интеграција предлага седниците на Собранието да се одржуваат и онлајн. Партијата смета дека Собранието треба да ја разгледа можноста за изменување и дополнување на Деловникот во смисла на специфицирање, што всушност се подразбира под зборот присуство на пратеници, без разлика дали е тоа физичко присуство или онлајн.

ДУИ бара од опозициските партии да го разгледуваат овој предлог со цел да се заштити здравјето на пратениците и администрацијата, а исто време да не се блокираат важните процеси за Република Северна Македонија.

„Во сегашната регулатива на Собранието е зборот – присуство. ДУИ сака да се прецизира дека присуството на пратениците во Собранието може да биде физичко или онлајн. Не смееме да дозволиме малтретирање пратеници што моментно се погодени од Ковид-19, да не ги натераме преку посебен третман да доаѓаат на седници и потоа да ги загрозуваме сите други. ДУИ не сака Собранието да дојде во ситуација да блокира важни процеси“, се вели во соопштението.

Партијата бара опозицијата да ја земе предвид компаративната анализа на состојбата во регионот и пошироко во ваква ситуација предизвикана од Ковид-19 потсетувајќи дека Владата веќе почна да ги одржува своите седници преку интернет.