Centar.mk
ЛОКАЛНО

За една недела, казнети 255 непрописно паркирани возила во општина Центар

„Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар, во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје, во текот на една недела санкционираа 255 непрописно паркирани возила, кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 5.10. до 11.10.2020 година, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 124 непрописно паркирани возила, а со поставување механичко средство „блокатор“ санкционирани се 131 возило, кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници резиденти на секторот во кој биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот, со цел да се зачува безбедноста на другите учесници во сообраќајот и да се реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територијата на општина Центар.

Можеби ќе ве интересира

Градоначалникот Коњановски се обрати на завршниот настан на проектот „Земјоделство безбедно од пожари во Општина Новаци“

ДЕСК

Во Битола одбележан Денот на македонските пожарникари

ДЕСК

Герасимовски: Центар вечерва пее со најмладите на „Детелинки“ , фестивал на оригинални песни и детски таленти

ДЕСК