20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Без струја делови на Ѓорче Петров и Бутел

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, од 9 до 11.30 часот без електрична енергија ќе останат корисници од улицата Алекса Демниевски, подулиците: 1, 3, 5, 7 и 9 и делови од улиците Мајски манифест и Ѓуро Салај во општина Ѓорче Петров.

Како што соопшти РЦУК, од 9 до 12.30 часот струја ќе нема и дел од улицата Козле во општина Карпош, а од 9 до 14 часот дел од улицата Знеполе во општина Ѓорче Петров.

Во истиот период од 9 до 14 часот без струја ќе бидат и делови од улиците Штросмаерова, Вера Циривири, Никола Вукмировиќ, Ѓорче Петров во општина Ѓорче Петров, улицата Хо Ши Мин од бр. 100 до бр. 130 во општина Бутел.

Од 12 до 14 часот без електрична енергија ќе бидат и корисници од улицата Партениј Зогравски бр. 74 а и бр. 35 б во општина Центар, а од 12 до 14.45 часот и од улицата Алекса Демниевски, подулиците: 11, 13, 15, 17, 19, 21 и 23 во Ѓорче Петров.