Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Облачно со врнежи од дожд и температура до 22 степена

Времето претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во источните делови ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено претпладне. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степена.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено претпладне. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 19 степени.

В среда ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Од четврток попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, на места пообилни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТОК Е НЕРАБОТЕН ДЕН, СЛЕДУВА ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД: Ова се сите преостанати неработни денови до крајот на годинава

ДЕСК

Патаниот правец Охрид – Ресен преку Галичица е затворен за сообраќај, каква е состојбата на патиштата во останатиот дел од државава?

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со најнова прогноза – Времето се менува

ДЕСК