Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев: Државата има намера да учествува со акции во терминалите за гас во Александропулис

Со интерконекторот за нашето гасоводно поврзување со Грција веќе завршуваме со документација, а  истовремено сме при крај со документацијата за второто поврзување со Бугарија, Струмица – Петрич, рече премиерот Зоран Заев во емисијата Економски магазин на Алсат телевизија.

Преговараме со ОКТА за пуштање на нафотоводот внатре, зависи под кои услови ќе се договориме, најави Заев, додавајќи дека целото тоа е еден сериозен енергетиски потенцијал.

Тој соопшти дека државата изразила желба да учествува со акции во Александропулис во терминалите за гас и дека ќе букаира гас за сите наши капацитети, затоа што течниот американски гас е многу поевтин.

Веројатно ќе учестуваме со 25% во гасна централа во Александрополис, која има капацитет дупло повеќе од нашиот дефицит, кој изнесува 2 гигават часа, најави Заев.
Ние сме земја членка на НАТО, нашата иднина е полноправно члество во ЕУ и сите вакви текови великодушно ќе ги изградиме посебно кога земјата ни е убава раскрсница каде што можеме да наплаќаме тарифи за транзитирање на тој гас према Косово, Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска итн, нагласи премиерот Зоран Заев во емисијата Економски магазин на Алсат.

Можеби ќе ве интересира

Хорор во Македонија: Силувано и уценувано малолетно девојче, а потоа едниот и барал 20.000 евра за да не се објават ексциплитни фотографии

ДЕСК

„Снаата е тешко повредена, треба операција“: Виничанка наседнала и оставила 12.400 евра

ДЕСК

26 годишен маж претепан од својата 20 годишна девојка

ДЕСК