7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Полицијата ги полни затворите со криминалци:59 лица приведени за две седмици за издржување на затворска казна до десет години

Министерството за внатрешни работи во рамки на оперативната акција „бегалец“ презема интензивни мерки за пронаоѓање и приведување на лица кои се предмет на потрага, односно се бараат за издржување на затворска казна од казнено поправните институции во земјава. Од досега преземените активности во периодот од 15.09 до 01.10.2020 на територијата на Република Северна Македонија приведени се 59 лица за издржување на затворска казна до десет години и се спроведени во казнено поправните институции.

Покрај тоа, во соработка со полициите од другите земји, обезбедени се повеќе лица кои се екстрадирани и пренесени во затворите во нашата држава. Од Германија е екстрадиран Б.Р., кој беше предмет на потрага по меѓународна потерница за издржување на казна затвор од 32 год. и шест месеци. Од истата земја е екстрадиран и Љ.Ј. кој беше предмет на потрага по меѓународна потерница за истрага по чл.123 од КЗ „Убиство“.Од Австрија е екстрадиран И.С., кој беше предмет на потерница за издржување на казна затвор од 10 години.

Одделението за потраги при Секторот за меѓународна полициска соработка продолжува со интензивни активности за пронаоѓање и приведување на лицата кои се бараат со потерници.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ НЕВООБИЧАНО ВИСОКИ – Синоптичарите со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Трагедија кај Кочани: Во тешка сообраќајка еден загинат, неколкумина повредени

ДЕСК

СДСМ бара оставка од Тошковски, вооружените инциденти покажуваат распад на безбедносниот систем

ДЕСК