Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

CENTAR ДОЗНАВА: Вечерва нападнати пет полицајци кај Степанци – ова се првичните детали

Вечерва Околу 20 часот на стариот пат селото Извор прилепско, кое е всушност атар на село Степанци, група на граѓани кои вршеле бесправна сеча на дрва ја нападнале патролата од пет полициски службеници од полициската станица во Чашка, дознава Centar.mk.

Според неофицијални информации до сега се приведени 4 лица, а полицијата работи на расчистување на случајот.

Неофицијално дознаваме дека двајца полицајци се потешко повредени, но оваа информација засега не може официјално да се потврди. Очекуваме официјални информации од МВР за овој инцидент утре.

Можеби ќе ве интересира

ЗИМАТА ТРОПА НА ВРАТА – Македонија ја очекуваат снег, дожд и силен ветер, температурите одат во минус

ДЕСК

РАСПРАВИЈА ЗА КРАВИ ЗАВРШИЛА СО ТЕШКИ ПОВРЕДИ – Нападната 67-годишна жена во кривопаланечко

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ ПОРАНЕШНАТА СОПРУГА – 38-годишник приведен во Куманово

ДЕСК