Centar.mk
БИЗНИС

Цигарите поскапуваат за 5 денари

Поради промените кои ги наметнува новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи, во наредниот период дел од брендовите на цигари ќе поскапат за пет денари. Имено, Законот кој стапи на сила во мај минатата година строго дефинира дека едно пакување може да содржи најмалку 20 цигари и не дозволува да се пуштаат во промет пакувања со 19 или помалку цигари.

Одредбата мора да се имплементира до крајот на ноември годинава. Оваа промена на производителите им наметна прилагодувања на производството и зголемување на вкупната акциза за пакување, со оглед на тоа што акцизата се плаќа по поединечна цигара.

Можеби ќе ве интересира

ОД ДЕНЕСКА СЕ МЕНУВА НАЧИНОТ НА ПЛАЌАЊЕ ЦАРИНСКИ ДАВАЧКИ – Стариот образец ПП50 се заменува со нов налог

ДЕСК

ВАЖЕН РОК ЗА РАБОТОДАВАЧИТЕ УТРЕ – До 10 ноември треба да се поднесе месечната пресметка за плати

ДЕСК

МОЖЕ ЛИ AI ПРАВИЛНО ДА ГИ ЧИТА ЛАБОРАТОРИСКИТЕ РЕЗУЛТАТИ? – Претставен тест со 100 научни задачи

ДЕСК