Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Утре почнуваат Денови на македонскиот мед

Шеснаесеттите Денови на македонскиот мед ќе бидат отворени утре, 24 септември, во 11 часот во Скопје на улица Македонија, во организација на Пчеларското здружение „Матица“.

Манифестацијата ќе ја отворат министертсвото за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, и градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

На штандови поставени на улицата Македонија ќе бидат изложени пчелни производи од пчелари од цела Македонија, а посетителите ќе можат да дегустираат мед и да се информираат за матичниот млеч, поленот и прополисот како здрава храна.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Протерување на младите умови, предлог-Законот ги деградира младите кадри

C +

Поплави во повеќе региони во земјава – евакуирани 220 лица во Кичево, критично во Форино, поплавени куќи, ниви, подруми

C +

Министерство за транспорт: Во дијалог со Европската Комисија се операционализираат решенијата соодветно на барањата на македонските превозници

C +