Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Темни облаци и дожд во Македонија – УХМР соопшти кога ќе се стабилизира времето

Денес ќе биде променливо облачно со умерен до засилен североисточен ветер особено изразен во јужните делови и долж Повардарието каде што ветровито ќе биде и преку ноќта. Претежно во јужните делови ќе има повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 31 степени.

Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури. Најсвежо наутро ќе биде во понеделник и вторник. Преку денот повремено ќе има умерена облачност, а дневната температура на југоистокот ќе достигнува 30 степени.

Прогноза за 20.09.2020
Минимална температура: 7°C до 16°C
Максимална температура: 24°С до 29°C
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер

Прогноза за 21.09.2020
Минимална температура: 5°C до 15°C
Максимална температура: 24°C до 30°C
Наутро постудено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Прогноза за 22.09.2020
Минимална температура: 5°C до 15°C
Максимална температура: 25°C до 30°C
Сончево со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК