10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костадинов: Македонскиот јазик e признат од целиот свет, односите со Бугарија ги градиме во духот на Договорот за добрососедство

Македонскиот јазик e признат од целиот свет, односите со Бугарија ги градиме во духот на Договорот за добрососедство, велат од СДСМ.

На прашањето од новинар: Какви се реакциите на вашата партија во однос на меморандумот за којшто вчера слушна јавноста од страна на официјална Софија, којшто е испратен до останатите земји членки, за услови за да го наречеме процес на Македонија, дали тоа ќе ги наруши меѓусоседските односи и Договорот којшто е потпишан?

Костадинов одговори: Како сериозни политичари особено и како сериозна партија секогаш сме давале шанса да по пат на дијалог, по пат на обемни разговори ги затвораме сите крупни прашања коишто ги тиштат граѓаните на нашата држава, но и граѓаните на државите со којшто сме имале претходни тешки спорови. Она што е најважно дека еве и јас од овде сум Македонец, јас од овде зборувам македонски јазик, вие поставувате прашања на македонски јазик и секако и најважно согласно договорите, признаени од цел свет. Јас искрено сум убеден дека камен на сопнување во нашиот интегративен пат кон ЕУ нема да бидат билатерални спорови во случајот со Република Бугарија.

Спонзорирано: