Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Доаѓаат два продолжени викенди и неколку празници – Еве уште кои денови се неработни до крајот на годинава

Следниот неработен ден за сите граѓани е 8-ми септември (вторник), денот на Независноста на Македонија.

До крајот на годината ни остануваат уште неколку празника, од кои два се споени викенди.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2020 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ: 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е
неработен ден. • 23 октомври (петок), Ден на Македонската Револуционерна Борба, • 8 декември (вторник), “Св. Климент Охридски”,

За граѓаните од православна вероисповед, 01 ноември (недела), Празникот на сите светци, • 25 декември (петок), првиот ден на Божик.

За граѓаните од од албанската етничка заедница, 22 ноември (недела), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ, 28 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ, 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците. За граѓаните припадници на турската заедница во РМ, 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик.

спонзорирано: