24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Македонците и Бугарите ќе бидат победници, да видиме како и Гоце Делчев спојува

“Ако некој покажа дека има капацитет да ги решава проблеми, покажавме ние”, рече премиерот Зоран Заев на вечерашното интервју на НТВ на коешто одговара на прашања на уредници од националните медиуми.

 “Низ преговоите ќе ги најдеме решенијата. Имаме архиви и двете земји и транспаретно ќе ги отвориме. Јас верувам дека тие архиви се истите. И мора да знаеме дека ќе бидеме двете страни победници”со, рече премиерот Заев.
 
Ќе ги најдеме решенијата коишто ќе не сплотуваат рече Заев и додаде дека нашата земја е спремна за продолжување на решавање на ова отворено прашање.
Премиерот истакна дека Бугарија е земјата којашто секогаш не поддржува во интеграцијата во ЕУ, и не верува дека ќе се случат опструкции од нивна страна во процесот, бидејќи станува збор за земја којашто сака пријателски однос со Северна Македонија.
“Верувајте дека Бугарија во секоја своја изјава кажува дека ја поддржува Северна Македонија во своите интеграции, јас лично сум бил сведок како се води борба во објаснување пред другите лидери дека треба да с едонсе одлука за поток на преговорите. Деке се прави се. Од дискисиите што овие денови ги има во Брисел по комисиите се рзговара дека проблемот е отворен , но нема блокади и не треба да има блокади. И ние не треба да дозволиме да има блокади. , заради тоа што само така е испрвно. Треба со пријатели пријателски. Јас верувм дека ќе изнајдеме решение.
 
“Каков е тој договор ако само една страна добива, треба двете страни да бидат среќни, да бидат мудри да изнајдеме такво решение кое не погодува душите ниту на Бугарите , ниту на Македонците, туку напротв ќе ги прави горди.
“Го имам Гоце Делчев во Струмица толкав развиорен, а бев и на споменикот на Гоце Делчев во Благоевград. Има град во Бугарија кој се вика Гоце Делчев, имаме ние Делчево.  Треба да бидеме свесни за оваа работа. Сите. Што, ќе им кажеме сега дека Македонија ќе го избрише тоа, не е наше или Бугариј ќе го избрише, не е нивно? Дај да видиме како тоа не спојува”, рече Заев.