Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Подобрувањето на стандардот на полициските службеници останува приоритет

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска оствари работна средба со делегација на Македонскиот полициски синдикат, предводена од претседателот Марјан Кицев.

„На средбата претседателот на МПС упати честитки до министерот Спасовски, изразувајќи надеж дека ќе продолжи одличната соработка како што беше во претходниот мандат на Спасовски како министер за внатрешни работи, кога заеднички беа носени решенија во интерес на вработените во Министерството за внатрешни работи“, соопштија од МВР.

Спасовски ја потенцирал важноста од добрата соработка со Македонскиот полициски синдикат и подготвеноста за соработка во интерес на вработените во Министерството за внатрешни работи. Министерот Спасовски потенцирал дека добрите услови за работа и подобрувањето на стандардот на полициските службеници се приоритет и во наредниот период и дека ќе се преземаат соодветни мерки за тоа во соработка со Македонскиот полициски синдикат.

Можеби ќе ве интересира

ТРИ СМРТНИ СЛУЧАИ ГО ПОТРЕСОА СКОПЈЕ: Починати лица пронајдени под возило, во дом и во хотелска соба

ДЕСК

МИСТЕРИОЗЕН СЛУЧАЈ ВО КУЧКОВО: Починат маж пронајден под возило, телото дадено на обдукција

ДЕСК

ВЕЛОСИПЕДИСТ ПРЕГАЗИЛ ПЕШАК И ТЕШКО ГО ПОВРЕДИЛ, ПА ПОБЕГНАЛ: Хорор на “Партизанска”

ДЕСК