Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Владата предводена од СДСМ ги остварува заложбите за правда и владеење на правото, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструкција и популизам

Уште во првите денови од новиот мандат Владата предводена од СДСМ на дело покажува дека е посветена на градење правна држава и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, велат од СДСМ.

– Уривањето на дивоградбата кај Мавровка, по донесената одлука на првата седница на Владата само потврдува дека СДСМ ги преточува во реалност заложбите дадени пред граѓаните – правда во оваа држава има и ќе има.

Законот важи за сите подеднакво и секој што се огрешил пред него одговара.

Од друга страна, само на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која 11 години со криминал и корупција системски ги уништуваше институциите, денес ѝ пречи правната држава и негативно реагира кога во државата се спроведуваат законите.

Очигледно е дека во ВМРО-ДПМНЕ се уште не можат да се помират со поразот на изборите и продолжуваат со старите пракси на деструктивност, популизам и лаги, се вели во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Функционер барал 100.000 евра мито, го фатиле кога требало да добие прва рата од 50.000 евра

ДЕСК

Синоптичарите ја објавија најновата прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК