Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Новата влада засилено ќе ги исполнува стратешките цели на државата, за подобра иднина за сите граѓани

– Новата влада, предводена од претседателот на СДСМ Зоран Заев има искрена определба и политичка волја за засилено исполнување на статешките цели на државата.

Владата ќе се посвети на успешно и ефикасно справување со светската пандемија со коронавирусот, нова енергија и решителност во создавањето подинамичен економски раст, одржлив развој, силни институции со ред, правда, ефикасна правна држава и владеење на правото, модерно образование, внатрешна кохезија, активно членство во НАТО, силна волја за успешен почеток и завршница на преговорите по поглавје за членство во Европската унија, се вели во соопштението на СДСМ.

– Во претходните три години, во време на решавање на најголемите отворени прашања на надворешен и внатрешен план, покажавме дека можеме да обезбедиме повисок економски раст кој создава нови работни места, паралелно со повисоки плати и пензии.

Имаме план за иновативна, стабилна конкурентна македонска економија, подготвена да одговори на новите предизвици и да понуди шанса за секој.

Во претстојните години продолжуваме со воведување на европските стандарди дома за трансформација на нашата земја на подобро во сите сфери.

Граѓаните со своите гласови ја потврдија исправноста на патот по кој се движиме напред и сега е време новата Влада да продолжи со воведување на европските стандарди, за подобра иднина за сите, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 25°C, А ЗА ВЕЛИГДЕН СИЛЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК