Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Следниот неработен ден се паѓа во вторник – Ова се преостанатите неработни денови до крајот на годинава во Македонија

Следниот неработен ден за сите граѓани е 8-ми септември (вторник), денот на Независноста на Македонија.

До крајот на годината ни остануваат уште 4 празника, од кои неколку се споени викенди.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2020 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ
• 8 септември (вторник), Ден на независноста, • 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е
неработен ден. • 23 октомври (петок), Ден на Македонската Револуционерна Борба, • 8 декември (вторник), “Св. Климент Охридски”,

За граѓаните од православна вероисповед
• 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). За граѓаните од католичка вероисповед
• 13 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
• 01 ноември (недела), Празникот на сите светци, • 25 декември (петок), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 31 Јули (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам, За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ • 22 ноември (недела), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
• 23 мај (сабота), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
• 28 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
• 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците, За граѓаните припадници на турската заедница во РМ • 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК