25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Лазаревски: Мицкоски покажи доблест, понуди ја својата оставка

Незадоволството од раководството на партијата, од претседателот Мицкоски, е големо. Членовите на ВМРО-ДПМНЕ се повеќе се охрабруваат да излезат и тоа јавно да го кажат, гледајќи дека Мицкоски нема намера да понесе одговорност, изјави Сашо Лазаревски, делегат на Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош.

„Денес, голем број членови на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет Карпош, одлучивме да ја подржиже иницијативата поведена од иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес. Можевме и ние понатаму да молчиме и да глумиме дека се е во ред. Можеме и понатаму да се преправаме дека нема никаков проблем и цветаат рози во партијата. Можеме да глумиме дека сме победиле и да ловиме вештерки и предавници само за да го амнестираме раководството и Мицкоски, како најодговорни за поразите.

Но во Карпош тоа не се прави така.Вистината е дека во Карпош освоивме мал број на гласови скоро 5000 гласа помалку од минатите парламентарни избори. Вистината е дека Мицкоски загуби во неговиот матичен општински комитет. Вистината е дека Мицкоски загуби и во неговиот месен комитет и на неговото избирачко место. Мицкоски загуби меѓу граѓаните кои најдобро го познаваат“, вели тој.

Според Лазаревски, за овие порази вината не треба и не смее да се бара во членовите, активистите и месните комитети, како што слушаме повторно дека се обидуваат да манипулираат. Вината за изборниот пораз има точно име, презиме и адреса. Тоа е Христијан Мицкоски и неговото тесно раководството.

„ВМРО-ДПМНЕ не го заслужува ова. Повторното префрлување на вината кон месните комитети е сигурен рецепт за пропаст и нов пораз на наредните локални избори. Одговорност мора да има. Христијан Мицкоски, покажи доблест, достоинство и макар минумум демократски капацитет и понуди ја својата оставка пред делегатите на Конгресот кој те избра. Тоа воопшто не е кукавички чин, напротив бегањето од одговорност и криењето на проблемите под тепих е ништо друго освен кукавичлук. ВМРО ДПМНЕ секогаш ги исполнувало ветувањата кои ги дала пред избори, а ти јавно вети оставка ако не победиме, вети и дека ќе одиш подалеку и ќе се ја преземеш одговорноста ако победиме, а не составиме влада“, вели Лазаревски.