Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Среде коронавирус криза скокна просечната плата: Сега изнесува речиси 27.000 денари

Просечна нето плата по вработен во јуни годинава изнесувала 26.867 денари што во однос на истиот месец лани е зголемување за 6,6 отсто, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Бруто платата, пак, била 40.107 денари што е пораст за 7,1 проценти.

Според Државниот завод за статистика, зголемувањето на просечната нето плата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната нето плата во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (18,7%), Рударство и вадење на камен (15,2%) и Образование (12,6%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (14,1%), Рударство и вадење на камен (6,3%) и Стручни, научни и технички дејности (4,3%).

Растот на просечната бруто плата во јуни 2020 година се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната бруто плата во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (18,5%), Рударство и вадење камен (15,9%) и Образование (13,6 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто плата во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (14,1%), Рударство и вадење на камен (6,5%) и Преработувачка индустрија (4,2%).

Можеби ќе ве интересира

Двојна победа на НЛБ Банка Скопје на наградите за банкарство на EMEA Finance Europe 2025: Локално признание за„Најдобра банка“ и регионално признание за „Најдобра дигитална банка“

C +

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

ДЕСК

Гувернерот Славески: Монетарната политика обезбедува стабилен денар, контролирана инфлација и стабилен банкарски систем

ДЕСК