17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Одредена мерка притвор за Нефи Усеини

Судот одреди мерка притвор за бизнисменот и советник во општина Охрид, Нефи Усеини, објави Сител. Мерка притвор доби и неговиот брат. Тие двајца се осомничени за насилство.

Вчера беше поднесена кривична пријава за советникот во општина Охрид Нефи Усеини и неговиот брат во врска со инцидентот кој се случил пред хотел во Охрид каде што тие двајца го нападналеСпиро Топаловски.

Инцидентот се случил пред два дена откако Усеини прво го повикал нападнатиот Спире Топалоски во хотелот, па по кратка вербална расправија, го удирал со пиштол по глава заедно со други лица.