Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Неизвесно одржувањето на конститутивната седница

Неизвесно е дали во текот на денот ќе се одржи изборот на претседател на Собранието, на која требаше да биде реизбран Талат Џафери.

Засега никој не ги коментира информациите во медиумите дека седницата за денеска се’ уште не е закажана поради незадоволство во ДУИ поради кадровските решенија за новата влада.

Изборот на Џафери за собраниски спикер го најави вчера лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по состанкот на Централниот совет на партијата.

Џафери беше предложен повторно да претседава со Собранието, во рамки на договорот помеѓу СДСМ и ДУИ за владината коалиција.

Претседателот на Собранието се избира со најмалку 61 глас од вкупниот број на пратеници, а парламентарното мнозинство кое го договорија Заев и Ахмети го сочинуваат 62 пратеници, од кои 46 пратеници на СДСМ, 15 на ДУИ и еден на ДПА.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК