20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во ловиштето „Ниџе“ пронајдени бомби од Првата светска војна

Вчера во 17.08 часот во Полициската станица Новаци било пријавено дека при ископување во ловиштето „Ниџе“ биле пронајдени рачни бомби од Првата светска војна. Пронајдените бомби во текот на денот ќе бидат подигнати од местото на настанот од страна на претставници на Дирекцијата за заштита и спасување.