Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Трагична и мистериозна сообраќајка вечерва кај Пробиштип – Едно лице загина, по друго се трага, младо момче во бесознание примено во болница

Трагична сообраќајна несреќа вечерва нешто по 19 часот се случила на патот Пробиштип – Злетово, кај местото викано Лепово, откако скопски голф управуван од младо момче на 24 годишна возраст излетал од патот, дознава Centar.mk.

Момчето во бесознание било пренесено во болницата во Штип, при што неофицијално дознаваме, дека откако дошло при свест соопштило дека во возилото имало уште две лица, дознава Centar.mk.

Откако итните служби извршиле проверка во непосредна близина на тешката сообраќајка, било пронајдено едно починато машко лице, додека по друго лице се трага, велат неофицијални извори за Центар.мк.

Повеќе информации се очекуваат наскоро.

Можеби ќе ве интересира

СДСM: Техничката влада мора да остане

ДЕСК

ВЕДНАШ НАПУШТЕТЕ ЈА ДРЖАВАТА: Македонското МНР ги повика државјаните да го напуштат Иран во првата прилика

ДЕСК

Царинска управа: на Дојран спречен обид за криумчарење 5.050 штеки цигари – српски државјанин лишен од слобода

ДЕСК