Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Деновиве стабилно и сончево, но за викендот невреме – Метеоцентар со детална прогноза за времето

Од утре следува период кога во претпладневните часови ќе преовладува сончево време, а во попладневните на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат за време на викендот.

Прогноза за 13.08.2020
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 29°С до 36°C
Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ=8

Прогноза за 14.08.2020
Минимална температура: 13°C до 21°C
Максимална температура: 30°C до 36°C
Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. УВ=8

Прогноза за 15.08.2020
Минимална температура: 13°C до 21°C
Максимална температура: 27°C до 33°C
Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. УВ=7

спонзорирано: