Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ жени: Во постот на Апасиев со кој директно ја навредува другарката Радмила Шекеринска се гледа омраза кон жените воопшто, а уште појасно се гледа омразата кон жените кои се активни и гласни во политичкото делување

Фејсбук статус на СДСМ Жени

Во постот на Апасиев со кој директно ја навредува другарката Радмила Шекеринска се гледа омраза кон жените воопшто, а уште појасно се гледа омразата кон жените кои се активни и гласни во политичкото делување.

Тој со ова ја покажа својата “свежина” што ја внесува на политичката сцена. Ова е она што најмалку му беше потребно на македонското Собрание.

Ние му порачуваме дека жени во политика кои се моќни има и ќе нѐ има уште повеќе. Политичари кои уште неседнати во фотељите покажаа агресија и недостоинство под секое ниво уште повеќе нѐ охрабруваат да дејствуваме заедно!

Доаѓаме уште помоќни и уште повеќе…

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Дожд и снег со локално над 50 l/m² – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски на средба со Орбан и говор на научната установа MCC: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: 38 годишен маж пронајден починат, а до него имало пиштол – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК