Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Се обеси затвореник во Идризово

Денеска околу пладне во затворот Идризово вработените и затворениците го пронашле мртвото тело на затвореник од Кавадарци, кој си го одзел животот со бесење.

Станува збор за младо момче осудено на повеќе од 20 години затвор за повеќе тешки кривични дела меѓу кои и убиство.

Директорот на Управата за извршување санкции Јовица Стојановиќ оваа информација ја потврди за Сител. Вели дека изутринатабил информиран за настанот, но повеќе информации најави откако ќе заврши увидот.

Телото на починатиот е предадено на органите кои се очекува да ги утврдат околностите и причините за смртта.

спонзорирано: