Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Министерот Нухиу го потпиша актот за двојазични натписи на полициските униформи

Држејќи двојазична плакета, министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, соопшти дека ги потпишал актите со кои, полициските униформи ќе добијат двојни натписи, на македонски и албански јазик. Потпишувањето на овие акти доаѓа две недели откако Нухиу ја презема функцијата минитер од неговиот претходник, Наќе Чулев.

„ Ги потпишавме нормативните акти за амблемите на полициските униформи да бидат и на албански јазик. На сообраќајната полиција, граничната полиција, хелихоптерската единица за полициски должности, специјална работна сила“, пишува Нухиу на социјалните мрежи.

Двојазичните униформи на полицијата, пожарникарството и здравството во Скопје и општините каде живеат 20 отсто од Албанците е предвидено со Законот за јазиците кој пред две години беше изгласан во Собранието со 69 гласови „за“.

Можеби ќе ве интересира

ПАТУВАТЕ ЗА ГРЦИЈА? – Штрајкот предизвика откажани летови, траекти и измени во превозот

ДЕСК

ОД УТРЕ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ ВО МАКЕДОНИЈА – Над 30 литри на квадратен метар, а до недела локално над 80 литри

ДЕСК

373 СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА – МВР со резултати од засилените контроли

ДЕСК