Centar.mk
БИЗНИСИЗБОР

ЕСМ: Нашата цена на струја е пониска за 55% од цената на слободниот пазар

Пазарот на електрична енергија е либерализиран за сите потрошувачи, вклучувајќи ги и домаќинствата, соопшти ЕСМ.

Како што се наведува, секој потрошувач има право да се снабдува и на слободниот пазар на електрична енергија по цени кои не се предмет на одобрување од Регулаторната комисија за енергетика.

„ Доколку домаќинствата купуваат електрична енергија на слободниот пазар набавната цена со вклучени трошоци за балансирање и обновливи извори изнесува 3,65 ден/kWh, додека цената по која ЕСМ ги снабдува домаќинствата на регулираниот пазар изнесува 2,33 ден/kWh, односно цената на ЕСМ е пониска за 55% од цената на слободниот пазар.

Кога на набавна цена од слободниот пазар ќе се додаде мрежарината која изнесува 1,99 ден/kWh, како и трошокот за операторот на пазарот кој изнесува 0,0081 ден/kWh , крајната цена за домаќинствата на слободниот пазар за домаќинствата изнесува 5,65 ден/kWh.

Цената за домаќинствата со последната одлука од Регулаторната комисија за енергетика изнесува 4,49 ден/kWh, односно е пониска за 26% отколку цената на слободниот пазар.

Концептот кој што е имплементиран во Законот за енергетика обезбедува заштита на домаќинствата од повисоките цени на слободниот пазар.

АД ЕСМ напоменува и дека сите инвестиции, вклучувајќи ја изградбата и на обновливите извори на енергија, компанијата ги финасира од сопствени средства кои ги обезбедува со своето работење, како и од поволни линии од светските финансиски институции, кои потоа редовно ги сервисира“ се вели во соопштението на компанијата.

Можеби ќе ве интересира

За креатори, од креатори: Самсунг (Samsung) професионален APV кодек поддржан на Galaxy S26 Ultra

ДЕСК

Извозот на ИКТ услуги од Македонија надмина 676 милиони евра во 2025 година

ДЕСК

ОКТА започнува иницијатива за поддршка на потрошувачите, по дополнителните количини гориво набавени преку продуктоводот ВАРДАКС

C +