Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МВР го информира ОЈО за текот на активностите за дивоградбата кај „Мавровка“

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност, изминатиов период, применувајќи ги неопходните мерки и активности од делокругот на својата надлежност, интензивно работеше во насока на утврдување постоење основи на сомнение за сторено кривично дело бесправно градење, кое се гони по службена должност во реонот на Трговскиот центар „Мавровка“.

По исрцпување на сите истражни мерки и активности во насока на откривање и документирање на кривично-правниот настан, денеска, 7.8.2020 (петок), од страна на СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал до Основното јавно обвинителство Скопје беше поднесен соодветен акт од сите досега преземени мерки и активности во врска со кривично-правниот настан бесправно градење, кој се однесува на член 244-а од Кривичниот законик.

Заради утврдување елементи на постоење основи на сомнение за сторени кривични дела кои се гонат по службена должност, а се однесуваат на предметниот кривично-правен настан, СВР Скопје ќе продолжи и понатаму со преземање соодветни мерки и активности од делокругот на својата надлежност.

Можеби ќе ве интересира

Кузеска: Да не го пропуштиме последниот воз за ЕУ – ајде заедно да ја споделиме одговорноста: малцинствата во Устав

ДЕСК

Манасиевски: Дали Филипче е дел од бугарските мисии во Скопје за кои говори бугарската министерка Петрова Чамова?

ДЕСК

Филипче: Каква широка влада, каква коалиција, јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите

ДЕСК