Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Во Кина дневно се тестираат 4,8 милиони луѓе за коронавирус

Во Кина се пријавени 37 симптоматски случаи на коронавирус и 20 асимптоматски случаи, според податоците на Националната комисија за здравство на Кина, објави „Си-ен-ен“.

Во Кина, случаите се пријавуваат одделно во зависност од тоа дали заразените имаат симптоми или не. Покрај тоа, не се пријавени нови смртни случаи.

Кина го зголеми бројот на тестови за коронавирус во последните неколку недели, што доведе до 4,84 милиони тестови дневно на крајот на јули, рече Ванг Џианпинг, министер за индустрија и информатичка технологија.

Низ целата земја, скоро 5.000 медицински установи и 38.000 техничари спроведуваат масовно тестирање.

„Вкупно 200 милиони комплети за тестирање се испратени во болници, центри за контрола на болести, царински пристаништа и агенции за тестирање из целата земја“, заклучи Ванг.

Во Кина, од вирусот досега заболеле 88.328 лица, додека 4.677 починале, според универзитетот „Џон Хопкинс“.

Можеби ќе ве интересира

Без техничка влада нема ниту минимални услови за фер избори

ДЕСК

Малите и средни претпријатија се ’рбетот на економијата – претставена Националната стратегија за МСП 2025–2030

ДЕСК

Страотен пожар со загинат во Тетово: Едно лице почина, неговиот син со изгореници итно е пренесен во болница

ДЕСК