Лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој е и идниот мандатар во новата Влада веќе ги оствари првите средби со лидерите Ахмети, Тачи, Села и Гаши.
-Како што соопшти претседателот Заев, веќе течат разговори, врз основа на принципи, со претседатели на политичките партии, со работни групи, членови на раководствата на партиите, за нов четиригодишен полн мандат на стабилно мнозинство во Парламентот и формирање посветена Влада, која ќе се движи брзо напред по европскиот пат и патот на економијата и на правдата. Претседателот Заев веќе оствари средби со претседателот на ДПА, Мендух Тачи, со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, со претседателот на АА, Зијадин Зела и со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши. Во тек се консултации од различен формат, доколку има некаков прогрес во разговорите ке ја информираме јавноста, велат од СДСМ, за Centar.mk.