Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Филипче: Ти си на одмор, но вирусот не е

Министерот за здравство, Венко Филипче порача да се почитуваат мерките за време на одморите.

„Ти си на одмор, но вирусот не е! Избегнувај собирање во големи групи, носи маска, за да го заштитиме нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски. Да ги почитуваме мерките за заштита од ковид-19, затоа што јавното здравје е заедничка одговорност“, апелира министерот преку социјалните мрежи.

Ти си на одмор, но вирусот не е! Избегнувај собирање во големи групи, носи маска, за да го заштитиме нашето здравје, но…

Gepostet von Венко Филипче am Samstag, 1. August 2020

Со оглед на развижувањето низ туристичките места за време на продолжениот викенд, Министерството за здравство вчера порача да се почитуваат протоколите за плажите и базените.