13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

„Моја малена“ на Саша Ковачевиќ доби нова верзија

Миленикот на балканската публика, Саша Ковачевиќ неодамна во јавноста го промовираше својот најнов проект со наслов „Метаморфозис“ кој содржи 4 песни снимени во модерен латино ритам, а на една од нив кавер-верзија направи нашиот млад пејач Тони Андреев.

– Имав прилика да ги слушнам новите песни уште додека беа во демо-верзија и можам да кажам дека од сите 4 најмногу впечаток ми остави токму „Моја малена“ која ја слушам по 100 пати во ден, па затоа и на неа снимив кавер-верзија. Цело слободно време го користам за да работам на нови проекти и драго ми е што мојата публика знае тоа да го цени, вели Андреев.

Екранизацијата и за овој проект му беше доверена на маестралниот Алек Тасевски, а во видеото, покрај Тони Андреев, се појавува и гитаристот Тошо Јуца.

Спонзорирано: