8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Величествен дочек на Илинденската коњаница во Демир Хисар

Вчера, на платото пред зградата на Општина Демир Хисар, по дефилето на демирхисарските улици, како што доликува, величествено беа пречекани припадниците на Кичевско – Мавровска – Демирхисарска коњаница, кои ја изодуваат претпоследната етапа од Илинденската маршрута.

Градоначалникот Стојановски, во исклучително пријатна атмосфера, срдечно и топло ги поздрави и им упати честитки за патриотските подвизи за „Илинденскиот марш“, кој го организираат во чест на Илинденците и Крушевската Република, а во пресрет на големиот македонски национален и православен празник 2. август „Илинден“..
После свечениот прием во работниот кабинет на градоначалникот, доследно почитувајќи ги мерките и прописите од Усвоениот протокол за организирање на државни настани на Владата на РСМ, а по повод празникот Илинден, истакна дека, во рамките на можностите како Локална самоуправа, беспрекорно ќе ја имаат поддршката за овој традиционален „Илинденски марш“.

Оваа година Илинденската коњаница ја сочинуваат 19 учесници, меѓу кои и, како и секоја година, неколку демирхисарци.

Коњаницата синоќа беше село Журче, а од утрово се упатија кон славно Крушево.