15. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

До граѓани стигале лажни покани од МВР за банкарска истрага

До одредени граѓани и правни лица биле упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага за измама во банка.

Од МВР информираат дека зад поканите стои измамник кој лажно се претставувал во име на МВР, односно во име на државниот секретар Магдалена Несторовска.

„Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами“, велат од МВР.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството презема мерки и активности за законско санкционирање на сторителот. Оттука известуваат дека тие не користат електронска пошта за испраќање покани до граѓани во врска со спроведување истраги, туку поканите се испраќаат во хартиена форма, со соодветна процедура. Апелираат до граѓаните воопшто да не ги отворат овие електронски пораки.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Гостивар: Национализмот на ДПМНЕ му служи за прикривање на нивната неспособност

ДЕСК

Левица: Уставен суд не бил надлежен за уставноста – Левица оди во Стразбур за цензурата!

ДЕСК

Премиерот Мицкоски оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.